Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/MIKA SAVOLAINEN

Турнеја на американскиот државен секретар во Јужна Кореја, Јапонија и Франција

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги посети Јужна Кореја, Јапонија и Франција последователно во следните пет дена (4-9 јануари), објави Стејт департментот.

Блинкен ќе се сретне со својот јужнокорејски колега Чо Те-џул за да разговараат за „сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, соработката со Јапонија, прашањата поврзани со Северна Кореја, како и за регионалните и глобалните предизвици,“ соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Посетата доаѓа во период на политички хаос во Јужна Кореја, откако претседателот Јун Сук-јеол на 3 декември воведе воена состојба, која Парламентот набрзо ја поништи.  Обидот за негово апсење беше спречен од неговата лична заштита.

По посетата на Јужна Кореја, Блинкен ќе отпатува за Јапонија, а потоа и за Франција, каде што ќе разговара за војната во Украина и кризата на Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот