ферари фото МИА

Туристичка атракција во бугарскиот Созопол: со Ферари во море за 150 евра!

На туристите во бугарското одморалиште им се нуди нова атракција – да влезат во морето возејќи се во Ферари за 150 евра! Сумата за водната атракција е за 30 минути забава, изјави за „Телеграф.бг“, Марио Иванов, кој работи во Созопол. Автомобилот достигнува 100 км/ч кога морето е мирно, но ако има бранови, тоа не е дозволено и може да достигне максимум 80 км/ч, објасни тој.

Брзиот млазен автомобил има изглед на модерен спортски автомобил. „Двајца луѓе можат да се возат на него, а ако се качи дете, мора да биде придружувано од возрасен над 18 години“, објасни Иванов. Автомобилот е хит на плажа и има доста луѓе кои сакаат да се возат со него. „Го возат претежно луѓе на средна возраст, младите луѓе возат повеќе на софа или џет-ски“, додава Иванов.

Според него, голем дел од фановите возат за адреналинот и забрзувањето во водата.

„Можеби ќе воведеме други брендови, но тоа нема да биде оваа сезона. На јужниот брег на Црното Море има неколку вакви автомобили, расфрлани во различни одморалишта, а цената е иста насекаде“, додаде тој.

Многу луѓе сметаат дека цената за едно возење е превисока, но сопствениците сепак рекоа дека се малку во загуба.

„На пазарот, овој автомобил се продава без мотор. Мора да расклопите скутер за вода за да го извадите моторот од него“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот