фото: EPA-EFE

Турците посредуваат со Хамас околу планот на Трамп за Газа

Турска делегација ќе учествува во медијацискиот тим, кој денес во Катар ќе разговара со Хамас за планот на Доналд Трамп за завршување на војната во Газа, соопшти Доха.

„Делегацијата на преговарачи (на Хамас) вети дека ќе го проучи (планот) одговорно“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, појаснувајќи дека вечерва ќе се одржи состанок меѓу двете страни, „на кој ќе учествува и турската страна“.

Претходно беше објавено дека Хамас „со добра намера“ го разгледува мировниот план од 20 точки, презентиран вчера од американскиот претседател Доналд Трамп, и дека се очекува да дадат одговор, што може да потрае со денови.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе го поддржа планот, но останува нејасно дали Хамас ќе се согласи и кога ќе го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот