Заложници на Хамас/Фото: Скриншот/Х

Турција воспостави контакт со две групи на Хамас кои држат израелски заложници

Два дена откако 137 активисти на флотилата „Глобал Сумуд“ беа депортирани од Израел во Турција, официјална Анкара воспостави контакт со две групи од палестинската милитантна организација Хамас кои држат заложници, со кои досега немаше комуникација, објавија денес израелските медиуми. 

Порано овој месец, Турција објави апсење на осомничен агент на Мосад и започна кривична истрага за пресретнувањето на флотилата „Глобал Сумуд“ од страна на Израел за време на еврејскиот празник Јом Кипур, објавува „Јерусалем пост“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во неделата дека ниту еден дел од планот на Трамп нема да биде имплементиран сè додека сите 48 заложници не бидат вратени на израелска територија.

Нетанјаху ја даде оваа изјава откако Трамп еден ден претходно призна дека вршел притисок врз израелскиот лидер да го прифати неговиот план од 20 точки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот