Полиција во Турција/ Фото EPA-EFE/NECATI SAVAS

Турција: Општински службеници од Анкара уапсени поради финансиски нерегуларности

Градската општина Анкара е цел на гонења против општини контролирани од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) во Турција.

По наредба на Генералното обвинителство на Анкара, утрово беа уапсени 13 општински службеници под обвинение за финансиски неправилности на 32 концерти организирани од општината помеѓу 2021 и 2024 година.

По апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, на 19 март, вкупно 17 градоначалници на CHP низ цела Турција беа уапсени под обвинение за корупција и отстранети од функцијата, од кои 11 во регионални општини под Градската Општина Истанбул.

Градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас, е еден од најпопуларните опозициски личности, особено меѓу националистичките гласачи. Досега, обвинителските истраги не ја допреа општината Анкара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот