Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Турчин со фалсификуван пасош се обидел да влезе во Македонија

Седумдесет и едногодишен Турчин се обидел со фалсификуван пасош да влезе во Македонија.

„Вчера во 21.45 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.Т.(71) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа“, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции Скопје за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот