Полиција / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Турчин криумчарел петмина Египќани во кола со босански таблички

44-годишен турски државјанин рано утрово е уапсен на патот Неготино-Градско, откако полицијата го запрела и во неговиот автомобил нашла петмина мигранти од Египет, соопшти МВР.

„На 21.03.2025 околу 02:50 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција. При контрола во возилото „рено клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица – мигранти од Египет. Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот