Судење за убиството на Вања и Панче / Фото: Слободен Печат, Слободан Ѓуриќ

Туфегџиќ реагира: Палевски го злоупотребува името на Александар Ѓорчевски во своја одбрана

Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, злонамерно го употребува името на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, во своја одбрана, реагираше денеска адвокатот Владимир Туфегџиќ кој го застапува Александар Ѓорчевски. Реакцијата доаѓа откако Палевски и на денешното судско рочиште, меѓу другото рече дека покрај останатите обвинети, полицијата неправедно го малтретирала и го тепала Ѓорчевски во текот на истрагата за двете убиства.

„Александар Ѓорчевски преку мене како негов бранител денеска реагираше во текот на исказот на обвинетиот Љупчо Палевски поради тоа што смета дека во неколку наврати, на неколку изминати судења, обвинетиот Палевски се обидува злонамерно да се спомнува неговото име во контекст на наводната одбрана. Александар со право реагира особено по изнесените анализи, наводи и тези од Палевски, зошто би ја убиле Вања кога логично било да ја убијат Зорица, премногу тези и анализи за човек кој за себе тврди дека во критичното време ниту учествувал ниту ги извршил убиствата. Ова особено што Александар од сето она што досега го видел и слушнал во судница има изградено свој став и мислење, како за обвинетиот Палевски, така и за другите обвинети по однос на убиството на Вања, во судницата кажа дека ниту еден од обвинетите не изразил ниту жалење ниту каење туку само разочараност од нивниот т.н ‘цар’“, вели адвокатот Туфегџиќ.

„Факт е дека ниту еден од обвинетите кои не го негираа своето учество во убиствата, не се исправи пред таткото на Вања во судницата за да изрази каење, туку грчевито се обидуваат да го оправдаат своето учество во настаните на начин дека немале избор и биле под закани“, рече Туфегџиќ откако судот не му дозволи нему или на обвинетиот Ѓорчевски, официјално да реагираат на споменувањето на името на Александар од страна на првообвинетиот Љупчо Палевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот