бременост
Фото: Profimedia

Трудници во Србија потпишувале скандалозен документ: Ако нешто тргне наопаку, гинекологот и болницата се ослободуваат од грешки

Пред да се породат во породилиштата, на трудниците во Србија им се дава документ за потпишување, во кој го ослободуваат лекарскиот тим, но и институцијата од каква било вина, доколку нешто тргне наопаку при раѓањето на бебето, јави српска Нова.

На социјалните мрежи се појави документ од породилното одделение на Клиничко-болничкиот центар Звездара, а трудници со кои разговарале о дмедиумот потврдиле дека потписи даваат и во други институции.

Здравствените работници во породилиштата за Нова.рс велат дека потпишувањето на таков документ е вообичаена процедура.

Имено, станува збор за давање согласност на трудницата, идната мајка, која со својот потпис „ги прифаќа сите услови, мерки и хируршки методи поврзани со неочекувани состојби и можни компликации при породување“.

Сопругот/партнерот исто така го потпишува документот.

„Се договоривме да се ослободиме од одговорност, барање за надомест или каква било одговорност за какви било негативни последици кои можат да произлезат од планираната процедура, вклучително и компликации поврзани со породувањето, постпарталниот период, како и компликации поврзани со идна бременост и породување. Болницата, како и стручниот тим, ја ослободуваме од секаква одговорност во врска со последователни недоразбирања и спорови кои можат да настанат помеѓу пациентот и сопругот/партнерот“, стои на крајот од овој документ.

Од правен аспект, српскиот здравствен систем „се согласува на акушерско насилство“ со таков документ, коментира адвокатката Марина Мијатовиќ за медиумот.

„Врз основа на содржината на согласноста, која ја формулираше КБЦ Звездара, може да се заклучи дека српското здравство е свесно за акушерското насилство и се согласува на акушерско насилство, дека е свесно за сите последици од ова насилство и дека тоа го сака да се изврши“, смета Мијатовиќ, адвокатка за медицинско право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот