Тројца загинати во хеликоптерска несреќа на британскиот остров Вајт

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа што се случи во утринските часови на британскиот остров Вајт, соопшти полицијата во Хемпшир.

Според официјалните информации, во леталото имало четири лица. Едно лице е во болница и се наоѓа во сериозна состојба, пренесува „Скај њуз“.

Полицијата истакна дека засега не може да ги открие идентитетите на жртвите, бидејќи продолжуваат напорите за контактирање и поддршка на нивните семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот