Фото: скриншот

Тројца пожарникари пуштени на домашно лекување по пожарот во „Макпрогрес“

Тројца од повредените пожарникари при гаснењето на пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, што беа згрижени во Општата болница во Кочани, се пуштени на домашно лекување. Четвртиот пожарникар, кој е припадник на ТППЕ од Штип, е испратен на дополнителни испитувања во штипската Клиничка болница, информираше Катерина Паниќ Мирчовска, в.д. директор на кочанската болница.

Таа се надева на позитивни наоди при испитувањата на четвртиот пожарникар, по што и тој ќе си замине во својот дом.

Сите досега згрижени пожарникари во Болницата во Кочани се со изгореници од прв степен на долните екстремитети. Ги добиле кога при гаснењето на пожарот во „Макпрогрес“ западнале во стопена течна маса од шеќер која горела.

Пожарникарот од Штип гаснел оган за да спречи пламените јазици да стасат до боци со плин, по што слегувајќи од скала се заглавил во течната маса што горела.  Другите тројца, помагајќи му да се извлече од лепливата течност, како и тој, се здобиле со изгореници на нозете.

Од троцата што се пуштени на домашно лекување, еден пожарникар е од Свети Николе, двајца се од Виница. Четвртиот пожарникар, врз кој денеска се вршат дополнителни испитувања, е од Штип.

Дел од осуммината што се наоѓаат на Клиниката за токсикологија во Државната болница во Скопје, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Состојбата им е стабилна, информираат од Министерството за здравство.

Овие осуммина на Токсикологија се работници на виничката фабрика за кондиторски производи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот