Фото: picryl.com / илустрација

Тројца моторџии се изгубиле на Осогово, за малку ќе завршеле во Бугарија

Тројца моторџии, двајца од Скопје и еден од Гевгелија, вчеравечер пријавиле во полиција дека се изгубени на планината Осогово, во близина на границата со Бугарија, соопшти МВР.

„На 14.09.2025 во 19:40 часот од СВР Штип, од Регионалниот центар за гранични работи Исток е пријавено дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над с.Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија и побарале помош преку бројот 112. Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од околу 1000 метри, над манастирот Св. Архангел Михаил во с.Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток, лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде е утврдено дека се работи за лицата Г.Д.(38) од Скопје, К.Н.(38) од Гевгелија и Д.П.(31) од Скопје. Тие не побарале лекарска помош, по што заминале со мотоциклите“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот