сида хив
1 декември, Светски ден на борбата против сидата / Фото: EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

Тројца луѓе во септември се заразиле со ХИВ во земјава, двајца заболеле од СИДА

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, бројот на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 680. Од нив 131 лице починало, а 545 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Како што е наведено во билтенот, во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 новозаболени лица. Пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, како и по еден случај на сифилис и инфекции со кламидија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот