Фото: Косовоонлајн

Градоначалниците на Зубин Поток и Звечан среде немирите влегоа во зградите на општините

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток, Измир Зеќири и на Звечан, Илир Пеци, успеаја да влезат во објектите на соодветните општини со помош на Косовската полиција, за разлика од Лепосавиќ каде избраниот градоначалник сè уште не влегол во својата канцеларија, поради барикадите што ги поставија Србите во таа општина, јави Албаниан пост.

Порталот потсетува дека Владата на Косово ја стави во функција косовската полиција за да им помогне на градоначалниците на трите северни општини, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, да влезат во објектите на општините. Тие претходно положија заклетва на импровизирани места, поради нивна безбедност, за разлика од градоначалникот на општина Северна Митровица, Ерден Атиќ, кој без проблем успеа да ја изврши свечената заклетва во објектот на општината.

Акцијата ја потврди и косовската полиција.

„Согласно службената должност, денеска косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини, се вели во официјалното соопштение на косовската полиција.

Во меѓувреме, српските медиуми јавија дека припадници на косовската полиција насилно влегле во општинската зграда во Лепосавиќ. Како што јави дописникот на РТС, полицијата со солзавец и шок бомби ги растерала насобраните граѓани и ги оддалечила од општинската зграда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!