Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

Тројца албански криминалци уапсени во Дубаи, ќе бидат екстрадирани во Тирана

Тројца криминалци од Албанија барани со потерници од матичната земја се уапсени во Дубаи, соопшти албанската полиција. Според медиумите, уапсени се Ервис Дака, Максим Кочи и Адо Џика, во рамки на операцијата со кодно име „Бараните“, а во врска со бараниот криминалец Тало Чела кој е осуден на 18 години затвор поради грабежот на милиони евра на меѓународниот аеродром Ринас, кој се случи на 9 април 2019 година.

Сите тројца имале изречена мерка „затворски притвор“ од страна на Специјалниот суд (ГЈОККО) во 2024 година и се вклучени во активностите на структурирани криминални групи.

-Тројца граѓани вмешани во сериозни кривични инциденти против лицето и поддржувачи на многу бараниот Т. Ч., беа уапсени во Дубаи. Како резултат на размена на информации во реално време и постојана координација на оперативните дејствија меѓу специјализираните структури на Државната полиција и агенциите за спроведување на законот во Обединетите Арапски Емирати, спроведени преку структурите на Интерпол, во Дубаи беа финализирани уште 3 фази од операцијата „Бараните“, соопшти албанската полиција.

Според соопштението Е.Д.,(38), е обвинет за обид за убиство со умисла и од Кривичниот суд на Косово, во 2024 година добил мерка притвор, М.К. (39), исто така е обвинет за убиство со умисла, обезбедување услови за убиство, нелегално поседување оружје и помагање на сторителот на кривичното дело. Според властите, тој учествувал во убиството на граѓаните К.К. и И.А., планирал други атентати и му помогнал на Тало Чела да се скрие. 40-годишниот А.Џ. е обвинет за помагање на сторител на кривично дело, односно 2 години го чувал и му помагал на Т.Ч. да се крие, а придружувал и еден новинар, со цел да го интервјуира Чела.

„Интерпол Тирана продолжува да соработува со колегите, со цел екстрадиција на овие граѓани во Албанија“, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот