Триумф на Ферстапен на лудата трка во Хокенхајм

Младиот Холанѓанец на патеката Хокенхајм дојде до втората побеба сезонава, а седма во кариерата, откако најдобро се снајде на лудата трка предизвикана од дождот.

Второто место му припадна на возачот на Ферари, Себастијан Фетел, додека на последното место  на победничкиот подиум се најде возачот на Торо Росо, Данил Квјат.

Трката во Германија ја одбележаа и возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои имаа кошмарен настап. Иако се надеваа дека јубилејната 200 трка во Формула 1 шампионатот и 125 години од основањето на Мерцедес, ќе го крунисаат со триумф, Луис Хамилтон на крајот го освои 11. Место, додека Валтери Ботас излета од патеката и не ја заврши трката.

Трката за Големата награда на Германија донесе многу возбудувања и изненадувања поради дождот, а инцидентите се нижеа како на филмска лента поради што во неколку наврати мораше да излезе и сигурносното возило.

Иако до половина од трката се чинеше дека јубилејот на Мерцедес ќе биде прославен со еден-два победа на Хамилтон и Ботас но тогаш настана  хаос на патеката со новиот дожд и излетувањето на Серхио Перез, а неколку круга подоцна и поради киксот на младиот возач на Ферари, Шарл Леклер.

Тие моменти најдобро ги искористи Ферстапен, успеа да го презеде водството благодарение на киксот на Хамилтон и казната од пет секунди која ја заработи поради небезбедното влегување во боксот, и излетувањето на Ботас, успеа да ја задржи лидерската позиција за втор триумф оваа сезона.

Одлична трка имаше и Ветел кој стартуваше од последната позиција но честите прекини и излегувања на безбедносното возило му овозможија да се бори за највисок пласман. Бодови освоија уште и Строл, Саинс, Албон, Раиконен, Џовинаци, Грожан и Магнусен.

И покрај киксот, Луис Хамилтон остана лидер во генералниот пласман со 223 бодови, пред Валтери Ботас со 184 и Макс Ферстапен кој има 162 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот