Цветан Трипуновски

Трипуновски се пофали со високите откупни цени на грозјето како да се негова заслуга

„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме за лозарството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Кавадарци.

„Она што сакам да го соопштам е рекордната цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка. Вранецот ќе изнесува 21,3 денари по килограм, Смедеревката ќе изнесува 18,9 денари по килограм“, рече министерот, претставувајќи ги овие цени како да се негова заслуга.

Тој додаде дека оваа година се очекува зголемен принос на винското грозје, некаде над 100 милиони килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот