Клара Бругада, градоначалничка на Мексико Сити/Фото: Eyepix / ddp USA / Profimedia

Тринаесет лица уапсени за убиството на двајца соработници на градоначалничката на Мексико Сити

Тринаесет лица беа уапсени вчера под обвинение за вмешаност во убиството на двајца блиски соработници на градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада, пред три месеци.

Химена Гузман и Хозе Муњоз, советници на Бругада, беа убиени среде бел ден на 20 мај на булевар во јужните предградија на Мексико Сити.

Без да ги спомене мотивите на злосторството, градоначалничката им соопшти на новинарите дека меѓу уапсените има „три лица кои директно учествувале (…) и други кои биле вклучени во материјалната подготовка“ на нападот.

Апсењата биле извршени во зори, како дел од заедничка операција на локалните власти, федералната полиција и армијата.

По двојното убиство, властите изјавија дека станува збор за „добро испланиран напад“ и дека сторителите биле „искусни“ џелати.

За американската влада, ова злосторство ја демонстрира огромната моќ што ја имаат нарко-картелите во Мексико.

Во јуни 2020 година, Омар Гарсија Арфукс, сегашниот федерален секретар за јавна безбедност и тогашен началник на полицијата во главниот град, беше повреден кога беше нападнат од околу триесет платени убијци на моќниот картел „Нова генерација Халиско“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот