Трифун Костовски - прес за Еуростандард банка / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Трифун Костовски подготвува долгорочна визија за развој на Македонија

Бизнисменот Трифун Костовски најави дека со „тим на познавачи“ на повеќе области подготвуваат „сопствена предлог визија и стратегија како Македонија треба да се движи во наредните 20 години“.

„Да размислуваме долгорочно за клучните области и да ги зацртаме дебелите граници по кои, без разлика на тоа кој во иднина ќе ја практикува власта, ќе имаме јасна патека за остварување на таа Визија каде сакаме да ја однесеме нашата земја за 20 години“, пишува Костовски во опширно излагање на Фејсбук.

Тој ги повикува граѓаните да дадат предлози и сугестии за визијата што ја подготвува.

„Јас со своето животно искуство ќе дадам се од мене како би можеле еден ден Македонија заедно со своите граѓани да имаат достоинствен живот и светла иднина. Моето искуство е вткаено во сите пори на нашето живеење и чувствувам одговорност да дадам свој придонес за нашата заедничка иднина“, пишува Костовски.

„Ќе се потрудиме да ја промениме грдата слика од македонската демократија и да ја претвориме во она што денес се практикува во современиот, модерен и напреден свет“, додава бизнисменот во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот