Сеизмограм / Фото: EPA/ALANAH M. TORRALBA

Три земјотреси ја стресоа Србија – најсилниот 4,4 степени

За само час и половина, Србија ја погодија три земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, објави Б92.

Денес во 14:43 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер на подрачјето на Голија, околу 20 километри источно од Сјеница. Според прелиминарните податоци, теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на шести степен според Меркалиевата скала.

Епицентарот бил меѓу селата Крчево и Мухово, а земјотресот бил на длабочина од три километри, објави Данас.

Земјотресот бил почувствуван и во Рашка, Нови Пазар, Ивањица, како и во градовите во централна Србија и во Црна Гора.

Дваесетина минути подоцна следел уште еден, послаб потрес со магнитуда 2, а за помалку од час и половина од првиот е регистриран и трет земјотрес на истото место, со магнитуда 1,9.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот