Пензионери/ Фото: Phil Rees / Alamy / Profimedia

Три српски пензии одат во Мексико, а четири во Грција!

Пензиите и другите права остварени во Србија се исплаќаат во 30 земји во светот (не сметајќи ги поранешните југословенски републики). Според податоците за 2024 година, од вкупно 13.640 корисници, повеќе од половина живеат во Германија – 7.157, во Австрија – 2.606, во Унгарија – 1.471, во Шведска има 280 корисници, во Швајцарија 246, во Франција 219, во Чешка 5 во САД16 корисници…, наведуваат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО Фонд).

Три пензии се испраќаат во Мексико, четири во Грција, пет во Нов Зеланд, осум во Турција… Во текот на 2024 година по овој основ биле префрлени повеќе од 2,9 милијарди динари, а овие поволности се исплаќаат квартално, поради високите административни трошоци и релативно ниските износи. Фондот за ПИО исплатува пензии и други права на 50.948 корисници (податоци за 2024 година), кои живеат во државите создадени на територијата на поранешна СФРЈ во Република Српска 13.143, Хрватска 12.732, Федерација Босна и Херцеговина 8.956, Црна Гора 6.964, Македонија 5.937 и во Словенија 3.215. Во текот на 2024 година по овој основ се префрлени околу 92,9 милиони евра, а овие права се исплаќаат месечно, во тековниот месец за претходниот месец, информира Политика.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот