Вакцинирањето во Африка/ Фото EPA-EFE/NIC BOTHMA

Три нови вакцини во календарот за вакцинација во Косово

Косовскиот министер за здравство Арбен Витиа соопшти дека во календарот за вакцинација се ставени три нови вакцини. Витиа во објава на Фејсбук без многу детали најавува дека новите вакцини се ХПВ, против рак на грлото на матката, против ротавирус и вакцината против пневмококен менингитис, пренесува Телеграфи.

„Обезбедивме: ХПВ вакцина, против рак на грлото на матката, вакцина против ротавирус, вакцина против пневмококен менингитис. По една деценија го ажуриравме календарот за вакцинација. Буџетот за вакцини го зголемивме шест пати. Го зголемивме буџетот за заштита и превенција“, пишува Витиа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот