фото: EPA-EFE/OSVALDO VILLARROEL

Трето засилување ова лето: Мастантуоно во Реал Мадрид до 2031 година

Поранешниот фудбалер на Ривер Плата, Франко Мастантуоно, денеска се приклучи на Реал Мадрид, објави „кралскиот клуб“.

Како што е наведено, 17-годишниот аргентински играч од средниот ред потпиша договор до 2031 година, но вредноста на трансферот не беше објавена.

Сепак, добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо изјави дека Реал Мадрид ќе ја плати неговата откупна клаузула од 45 милиони долари на рати.

Мастантуоно е најмладиот стрелец во историјата на Ривер Плата, како и најмладиот дебитант во репрезентацијата на Аргентина, за која го одигра својот прв натпревар на 6 јуни во натпреварот против Чиле.

Тој е третото засилување на Реал Мадрид ова лето, по Трент Александер-Арнолд од Ливерпул и Дин Хујсен од Борнмут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот