
Трет ден на ЕП: Време е за Французите, Белгија голем фаворит против Словачка
Tретиот ден од Европското првенство носи нови три натпревари, а денеска ќе видиме уште еден од најголемите фаворити за освојување, Франција игра против Австрија во терминот од 21:00 часот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Но, да одиме по ред. Денот го отвораат репрезентацијата на Романија и Украина. Ако ја погледнеме групата во која се уште Словачка и Белгија и двете селекции имаат амбиции за следна фаза. Украина во натпреварот влегува како фаворит и има подобар состав, меѓутоа Романците имаа одлични квалификации и веруваат дека можат да изненадат.
Белгија во вториот натпревар во терминот од 18:00 часот ќе биде голем фаворит против Словачка. Белгијците и на ова Европско првенство важат за селекција која може да има висок дострел. Не се вбројувани меѓу првите фаворити, но имаат доволно квалитетни фудбалери. Словачка нема што да загуби, нивниот фокус за бодови се ставен на дуелите со Украина и Романија, меѓутоа сигурно нема да истрчаат со „бело знам“.
Во вечерниот термин за првпат на ова Европското првенство ќе ја видиме ѕвездената Франција која во составот го има Килијан Мбапе и уште многу големи имиња. Французите се фаворити, но незгодната Австрија ќе биде еден тест за нив. Австрија во последниот период имаше добри резултати, пред крајот на годината ја победи Германија, а непосредно пред ЕП беше подобра од Србија. Во март Австријците ја декласираа Турција со 6:1, па така во добра атмосфера го започнуваат ЕП.
15:00 Романија – Украина
18:00 Белгија – Словачка
21:00 Австрија – Франција