
Трансродовата ќерка на Илон Маск конечно ја откри вистината за наследството: „Велат дека имам 40 милијарди долари, но всушност…“
Вивиен Џена Вилсон е едно од децата на Илон Маск од неговиот прв брак со Џастин Вилсон.
Препорачано
21-годишната Вивиен, која е трансродова, се дистанцираше од татко си последниве години и поднесе барање за промена на името во 2022 година, наведувајќи дека „не сака да биде поврзана со својот биолошки татко на никаков начин“.
Сега Вивиен разјасни дека не добива ништо од Маск, истакнувајќи дека сè уште се смета за „непо дете“ (Nepo baby), но нема наследство ни доверителен фонд. Под „непо“ мисли на непотизам – идејата дека некој има предност или привилегија поради познати или моќни родители.
„Не знам зошто луѓето мислат вака. Видов некоj на Тикток како вели дека имам 40 МИЛИЈАРДИ долари. Како… не. Хаха. Само дезинформациите што ги гледам како кружат одвреме навреме малку ме нервираат. Сепак, апсолутно би се сметала за непо и не се обидувам да извлечам некоја „самоизработена“ картичка како Кајли Џенер.“, вели Вивиен.
Коментарите на Вивиен доаѓаат откако Илон Маск изјави дека неговата ќерка била „убиена од вирус на разбудениот (woke) ум“, користејќи го изразот омилен кај конзервативците, кој се однесува на свеста и на политиките за прашања како што се расизмот, сексизмот и другите видови социјална неправда.
Вивиен не се двоуми да го критикува својот татко и претходно јавно зборуваше за тоа колку се оддалечила од него. Таа изјави дека „не разговарала со него од 2020 година“, како и дека го сменила своето име во презиме, наведувајќи дека не сака „да биде поврзана со својот биолошки татко на кој било начин, во која било форма“ и дека е целосно финансиски независна.
View this post on Instagram