
Трансродовата актерка од филмот „Емилија Перез“ по контроверзните изјави открива: „Помислував на најлошото“
Ѕвездата на „Емилија Перез“, Карла Софија Гаскон откри дека критиките по нејзините навредливи твитови влијаеле на нејзиното ментално здравје.
Препорачано
“Беа упатени апсурдни и неверојатни обвинувања против мене, што многу влијаеше на мојот дух. Работите брзо ескалираа до тој степен што не можев да дишам. Среде овие настани, болката беше толку неподнослива што помислував на најлошото”, рекла таа во интервју за „Холивуд репортер“.
Актерката понатаму тврди дека имала помрачни мисли од она за што размислувала во претходните лични борби. Како што тврди таа, „бурата се смирила“, и јасно можела да види што научила во тој мрачен период.
Карла беше првата трансродова актерка која беше номинирана за Оскар во категоријата за најдобра женска улога, но нејзината кампања за време на сезоната на награди претрпе неуспех откако се појавија критики за нејзините објави на Икс.
Во нејзините претходни објави таа изрази навредливи ставови за муслиманите, Џорџ Флојд и различностите на Оскарите, што предизвика низа реакции во јавноста. Откако нејзините објави наидеа на низа јавни критики, Гаскон се извини.
„Признавам дека сум ги повредила луѓето со моите минати објави на социјалните мрежи. Како некој што е во маргинализирана заедница, премногу добро го знам тоа страдање и ми е жал за оние што ги повредив. Цел живот се борев за подобар свет, па верувам дека светлината секогаш ќе триумфира над темнината“, рече таа.