Американско министерство за правда фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Трамп забрани палење на американското знаме

Американскиот претседател Доналд Трамп треба да потпише извршна наредба со која ќе се воведат строги казни за сквернавење на американското знаме, вклучително и негово палење. Наредбата ќе наложи гонење на сите сторители, дознава Фокс њуз.

„Американското знаме е најсветиот и најпочитуваниот симбол на Соединетите Американски Држави, а неговото сквернавење е единствено и по својата природа навредливо и провокативно. Тоа е изјава за презир и непријателство кон нашата нација и чин што го користат групи странски државјани пресметани да заплашат и да се закануваат со насилство врз Американците“, според документ за наредбата доставен до Фокс њуз.

Нова правна рамка

Извршната наредба ќе го насочи државниот обвинител да гони секој што го крши законот „на начини што вклучуваат сквернавење на знамето“.

Исто така, ќе започне судска постапка за разјаснување на опсегот на pрвиот амандман во врска со овој чин. Наредбата дополнително го овластува државниот обвинител Пам Бонди да ги упати случаите што ги кршат државните и локалните закони до надлежните локални власти.

Одговор на неодамнешните протести

Мерката доаѓа по серија инциденти во кои демонстрантите го запалија американското знаме. Ова најчесто се случувало за време на антиизраелските протести што ги зафатија американските градови и универзитетските кампуси под администрацијата на Бајден, но исто така и за време на рациите на Службата за имиграција и царина (ICE) спроведени од администрацијата на Трамп за отстранување на нелегалните имигранти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот