
Трамп: Вашингтон е сосема поинакво место отколку што беше пред една година
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека градот Вашингтон е „сосема поинакво место“ отколку што беше пред една година, нагласувајќи дека ќе остане така и дека разликата ја прави „добрата влада“.ж, пренесуваат американските медиуми.
Препорачано
„Нема шатори, тревниците и парковите се уредени, улиците се чисти и нема банди или злобни криминалци. Градот е прекрасен и безбеден и ќе остане таков!“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Во истата објава, тој ги покани Американците да го посетат градот Вашингтон и „да уживаат во создавањето историја“.
Трамп претходно изјави дека градот Вашингтон е практично ослободен од криминал и дека нема да дозволи криминалот да се врати.
„Федералната влада, под мое покровителство како претседател на Соединетите Американски Држави, влезе во целосен криминален хаос во кој се претвори Вашингтон, главниот град на нашата нација.
Како резултат на тоа, Вашингтон се претвори од еден од најубиствените градови и еден од најопасните градови во САД, па дури и во светот, во еден од најбезбедните, за само неколку недели“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth.
Како што истакна, Вашингтон е во подем, полн со ресторани и продавници и, за прв пат по децении, практично без криминал.
„Сега, под притисок на радикалните левичарски демократи, градоначалничката Муриел Баузер, која со години го водеше ова насилно криминално преземање на нашиот главен град, ја информираше федералната влада дека полициската управа на Вашингтон повеќе нема да соработува со Службата за имиграција и царина во отстранувањето и преместувањето на опасни нелегални странци“, рече Трамп.
Како што вели, ако дозволи тоа да се случи, криминалот ќе се врати.
„Им порачувам на луѓето и бизнисите во Вашингтон – не грижете се, јас сум со вас и нема да дозволам ова да се случи. Ќе прогласам национална вонредна состојба доколку е потребно“, заклучи американскиот претседател.