Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Трамп: Украинските електрани ќе бидат најбезбедни ако преминат во американска сопственост

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, денеска на брифинг со новинарите рече дека САД ќе продолжат да споделуваат разузнавачки информации со Украина и дека Трамп ѝ предложил на Украина да ја преземе сопственоста врз украинските електрични централи, вклучувајќи ги и четирите на нуклеарен погон во земјата, за да ја осигура нивната безбедност, јавува „The Hill“.

Претседателот Трамп предложил преземање на украинските електрани како форма на заштита, сугерирајќи дека САД би можеле да ги одвратат руските напади, во услови на притисок за делумен прекин на огнот меѓу Киев и Москва што ги покрива енергетските капацитети и инфраструктурата, рече Левит.

Трамп ја соопштил „понудата“ за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот.

„Американската сопственост на тие постројки би била најдобрата заштита за таа инфраструктура и поддршка за украинската енергетска инфраструктура“, рекоа советникот за национална безбедност Мајк Волц и државниот секретар Марко Рубио во заедничка изјава по повикот.

„Претседателот рече дека Соединетите Држави би можеле да бидат многу корисни во управувањето со тие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“, се додава во изјавата.

Таа посочи дека Трамп и Зеленски се договориле да соработуваат за „вистински“ крај на војната и дека Трамп го информирал Зеленски за вчерашниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Сега имаме делумен прекин на огнот, но претседателот оваа недела го испраќа својот високо обучен тим во Саудиска Арабија да се бори за мир“, рече Левит.

Иницијативата на Трамп за контрола на украинските нуклеарни централи е поврзан со неговата поддршка за договорот за минерали со Украина како отплата за американската воена помош. Договорот, кој е предуслов за американската медијација за крај на војната во Украина, требаше да биде потпишан уште на крајот на минатиот месец, но Вашингтон ги паузираше разговорите по непријатната посета на украинскиот лидер на Белата куќа, кога по јавната расправија пред камерите, Зеленски беше замолен да си оди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот