Доналд Трамп разговара на телефон / Фото: Profimedia

Трамп: Третата светска војна не е толку далеку

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Третата светска војна „не е толку далеку“, но уверен е дека неговото претседателствување ќе спречи тоа да се случи.

Тој, исто така, предупреди на растечките конфликти на Блискиот Исток и Украина и ја истакна важноста од брза акција за да се спречи ескалација на глобалните конфликти.

„Ширум светот, брзо се движам за да ги прекинам војните, да ги решам конфликтите и да го вратам мирот на планетата. Сакам мир и не сакам да гледам убиени луѓе“, рече Трамп.

Зборувајќи за војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп изјави дека ќе ја прекине.

„Погледнете ги сите смртни случаи на Блискиот Исток и војната што се води меѓу Русија и Украина. Ќе ја прекинеме. Нема поента во Третата светска војна и не сме толку далеку од тоа. Да ги имавме претседателот Џо Бајден и неговата администрација уште една година, ќе бевме во Трета светска војна, а сега, за време на мојот мандат, тоа нема да се случи“, нагласи Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот