Трамп во својот говор во Конгресот ја спомна и Србија

Трамп со поддршка за Марин Ле Пен: „Уште еден пример за лов на вештерки“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја поддржа француската екстремно десничарска политичарка Марин Ле Пен, која во понеделникот беше осудена на четири години затвор за проневера на средства од Европскиот парламент, а ѝ беше забрането да се кандидира за избори во следните пет години.

Во објава на неговата социјална мрежа – Truth Social, Трамп наведе дека случајот за проневера за кој Ле Пен беше прогласена за виновна, му се чини дека е „сметководствена грешка“, објави „Политико“.

Според Трамп, „ловот на вештерки“ против Марин Ле Пен е уште еден пример за европските левичари што „ја замолчуваат слободата на говорот и го цензурираат својот политички противник, овојпат одејќи дотаму што тој противник го ставаат во затвор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот