Доналд Трамп/ Фото: ЕПА

Трамп се нарече голем „обожавател” на вакцините против Ковид

Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто не би ги направиле, така што јас сум навистина голем „фан” на вакцините, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се нарече себеси голем „фан”  на вакцините против новиот коронавирус.

– Можам да се сметам за голем обожавател на вакцини. Благодарение на мене, тие беа развиени толку брзо, рече републиканецот во изјава за Фокс њуз.

– Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто не би ги направиле, така што јас сум навистина голем „фан” на вакцините, рече Трамп.

Во исто време, поранешниот претседател се спротивстави на задолжителната вакцинација на населението, нарекувајќи се себеси „голем фан на слободата”. – Луѓето треба сами да одлучуваат. Но, јас би препорачал да се вакцинирате за да се заштитите. Вакцините се неверојатни, заклучи Трамп, повторувајќи дека смета дека „задолжителната вакцинација е лудост”.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД се евидентирани повеќе од 35,7 милиони случаи на инфекција со коронавирус, а повеќе од 616,7 илјади луѓе починале. Земјата е рангирана на прво место во светот по двата показатели. Од еодамна, повеќето нови случаи се должат на делта варијантата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот