
Трамп: САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска
Американскиот претседател Доналд Трамп денес, во разговор со претседателот на Полска, конзервативниот националист Карол Навроцки во Белата куќа, изјави дека САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска и ветија дека ќе ја обезбедат одбраната на земјата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Трамп, кој го пречека својот сојузник со прелет на воени авиони, рече дека САД имаат „неверојатен однос со Полска“, пренесува Ројтерс.
На прашањето на новинарите дали планира да ги задржи американските трупи во Полска, Трамп одговори потврдно.
„Ќе испратиме уште повеќе војници ако Полјаците го сакаат тоа“, рече тој.
Навроцки по средбата изјави дека разговарал со Трамп за зголемувањето на бројот на американски трупи и додаде дека Трамп сигурно ја гарантирал безбедноста на Полска.
Присуството на американската војска на источното крило на НАТО, вклучително и Полска, останува едно од клучните прашања за Варшава, која бара гаранции за безбедносна поддршка во услови на војната меѓу Русија и Украина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
40мин
-
48мин
-
51мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5