
Трамп размени подароци со кралот Чарлс: Книга, реплика на меч и скапоцен дијамантски накит
Британскиот крал Чарлс Трети и американскиот претседател Доналд Трамп, по вчерашниот свечен ручек, размениле подароци, Како што дознава Би-би-си, кралот му подарил на претседателот на САД рачно врзана кожна книга по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност. За возврат, Трамп на домаќинот му подарил реплика на мечот на поранешниот претседател Двајт Ајзенхауер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кралот, исто така, на Трамп му подарил знаме на Обединетото Кралство, кое се веело над Бакингемската палата на денот на неговата втора инаугурација во јануари 2025 година, додека на првата дама ѝ подарил сребрена чинија, рачно изработена од северноирската уметница Кара Марфи и персонализирана торба Ања Хиндмарч.
Исто така, брачната двојка Трамп доби заеднички подарок – сребрена рамка за фотографии со врежан монограм од нивните иницијали.
Репликата на мечот, која Трамп му ја подарил Чарлс Трети е „потсетник на историското партнерство кое беше клучно за победата во Втората светска војна“, а на кралицата Камила ѝ бил подарен брош од 18-каратно злато, дијаманти и рубини.
За време на посетата на Трамп, пред замокот Виндзор, каде што се одржува состанокот, се собраа демонстранти против Трамп и пропалестински демонстранти.
Една од главните теми во медиумите беше изгледот на Меланија Трамп – виолетова капа која, како и на втората инаугурација, ѝ покрива половина од лицето и темно сив костум, а според стилистката на познатите личности и соработничка на магазинот „Вог“, Маријан Квеј, тој моден избор не е случаен.
„Шапката со широк обод што ѝ го крие лицето укажува на ставот дека сака сите очи да бидат вперени во нејзиниот сопруг и неговата агенда додека е тука. Бојата се совпаѓа со бојата на вратоврската на нејзиниот сопруг, што е уште еден вид на поддршка на агендата на нејзиниот сопруг за време на оваа државна посета“, оцени таа.