Фото ЕПА

Трамп повторно остро го критикува Џером Пауел, шефот на Федералните резерви

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“, пренесе „Асошиејтед прес“.

Трамп ова го напиша денеска на социјалните мрежи.

„Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега“, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот