САД-Русија/ Илустративно фото: ЕПА

Трамп: Ќе воведам економски санкции врз Русија ако Путин не се согласи на прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија ако рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот, предупредувајќи на сериозни последици.

„Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна“, рече Трамп.

СП- Колаж: Трамп, Путин и Зеленски

Трамп не постави нова временска рамка за спроведување на санкциите ако војната во Украина не биде запрена, објави Си-Ен-Ен.

„Нема да има светска војна, но ќе има економска војна. Ќе биде лошо за Русија“, рече Трамп.
Тој изрази надеж дека сè уште постои пат до медијација во постигнувањето договор за прекин на војната во Украина.

Трамп, исто така, повторно посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сноси дел од вината за конфликтот.

„Она што мислев дека ќе биде најлесно, се покажа како најтешко“, рече Трамп за војната во Украина, додавајќи дека сè уште мисли дека ќе може да помогне во завршувањето на конфликтот.

Трамп неколку пати се закани дека ќе воведе санкции против Русија ако не ја заврши војната во Украина и не постави временски рамки за тоа, но подоцна ги продолжи, потсетува CNN.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот