Архива на СП

Трамп ќе дојде во Истанбул доколку Путин е таму

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да се приклучи на разговорите меѓу Русија и Украина во Турција на 16 мај, но неговото учество зависи од тоа дали ќе присуствува рускиот претседател Владимир Путин, објави предмалку „Си-eн-eн“ цитирајќи висок функционер во Белата куќа.

„Ситуацијата е исклучително динамична во моментов. Никој не знае точно како ќе изгледа средбата во четврток“, рече функционерот во коментар за телевизискиот канал.

Трамп претходно призна дека ќе отпатува за Истанбул доколку тоа би било корисно за напредок во мировниот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот