Трамп ја отпушти директорката на Центрите за контрола и превенција на болести Сузан Монарез

Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) влезе во фаза на „политички хаос“ откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти директорката Сузан Монарез, еден месец откако таа ја презеде функцијата, пишува Гардијан.

Монарез наводно одбила да поднесе оставка, а нејзините адвокати тврдат дека таа станала „цел“ поради нејзиниот научен став, додека администрацијата инсистирала на нејзино разрешување.

Министерството за здравство и човечки услуги (HHS) синоќа објави дека Монарез повеќе не го води CDC, без да ја објасни одлуката.

Заменик-портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, потврди дека Монарез е отпуштена поради одбивањето да се повлече, што предизвика дополнителни политички тензии.

Според извештаите, Монарез се судрила со американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот откако таа одбила да ги поддржи промените во политиката за вакцинација.

Вчера, Кенеди ја поздрави одлуката на FDA за поништување на итната употреба на вакцините против коронавирус произведени од Pfizer, Moderna и Novavax.

По разрешувањето на Монарез, најмалку тројца високо рангирани членови на CDC поднесоа оставки.

Меѓу нив е и директорот на Националниот центар за имунизација и респираторни заболувања, Деметре Даскалакис, кој во писмо наведува дека повеќе не може да ги извршува своите должности поради политизацијата на јавното здравство.

Здравствените експерти предупредуваат на потенцијално опасните последици од политичкото мешање во работата на ЦДЦ, истакнувајќи дека ваквите потези би можеле сериозно да ја загрозат довербата на јавноста во научно заснованите одлуки на агенцијата.

„Она што се случува во ЦДЦ треба да го загрижи секој Американец“, рече лекарот за итна медицина Крег Спенсер, истакнувајќи го „хаосот“ што настанал во агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот