Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во Вашингтон/ Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Трамп ја објави честитката од Руте за „одлучната акција во Иран“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави на својата социјална мрежа Truth Social, фотографија од пораката од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во која му честита за неговата решителна акција во Иран и за убедувањето на сите сојузници на НАТО да издвојат најмалку пет проценти од нивниот БДП за одбрана.

„Честитки и ви благодарам за вашата решителна акција во Иран, тоа беше навистина извонредно и нешто што никој друг не смееше да го направи. Нè прави сите побезбедни“, се вели во пораката на Руте, пренесува Ројтерс.

Функционерите на НАТО денеска потврдија дека Руте му испратил порака на Трамп пред неговото патување во Хаг за самитот на лидерите на НАТО.

„Вечерва летате кон уште еден голем успех во Хаг за да постигнете нешто што ниту еден американски претседател не успеал да го направи со децении. Европа ќе плати за членството во НАТО на достоинствен начин, како што треба. Тоа ќе биде вашата победа“, му рече Руте на американскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот