Unsplash
Unsplash

Трамп им се наврте и на макароните и шпагетите

Администрацијата на Доналд Трамп во Соединетите Американски Држави објавија дека ќе воведат драстични царини од 107 проценти за италијанските тестенини од 1 јануари 2026 година, што би можело сериозно да го загрози еден од најважните сектори на италијанскиот извоз, пренесоа медиумите од Италија.

На веќе постоечката царина од 15 проценти за тестенините од Италија, американската администрација планира да додаде уште 91,74 проценти, наведувајќи ги обвинувањата за дампинг против италијанските производители, кои веќе беа предмет на истрага од страна на Министерството за трговија на САД, пишува италијанскиот весник Соле.

Ваквите истраги ги спроведуваат американските власти речиси секоја година, на барање на домашните производители на тестенини, но дополнителните царински давачки досега ретко надминувале два проценти. Овој пат, сепак, за периодот помеѓу 1 јули 2023 година и 30 јуни 2024 година, беа утврдени просечни маржи на дампинг од речиси 92 проценти.

Новите царини ќе важат за сите извозни компании на тестенини во Италија, освен делумно за оние што веќе имаат производство во САД, информира италијанскиот весник.

Министерството за надворешни работи на Италија соопшти дека го следи случајот, а италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида, рече дека одлуката на Соединетите Американски Држави е „хиперпротекционистичка мерка без никакво оправдување“.

Италијанската прехранбена индустрија годишно произведува повеќе од четири милиони тони тестенини, од кои дури 60 проценти се извезуваат, а само американскиот пазар вреди околу 700 милиони долари годишно, додека вкупниот годишен приход на секторот е 8,7 милијарди евра, пренесува Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот