Ќарли Кирк фото ЕПА

Трамп и Венс ќе се обратат на комеморацијата за десничарскиот активист Чарли Кирк

Роднините, поддржувачите и соработниците на американскиот десничарски активист Чарли Кирк, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, ќе му оддадат почит денеска на голема комеморативна служба во југозападната држава Аризона, објавија американските медиуми.. 

Настанот ќе се одржи во 11:00 часот по локално време на фудбалски стадион со 63.400 седишта во Глендејл, Аризона, каде што Кирк последен пат живеел со своето семејство.

Се очекува да присуствуваат десетици илјади гости, а Трамп и Венс ќе зборуваат заедно со вдовицата на Кирк, Ерика. Се очекуваат екстремни безбедносни мерки. Земјата е под посебна тензија по фаталното пукање. 31-годишниот Кирк беше застрелан на настан на универзитет во Јута на 10 септември.

Наводниот сторител, 22-годишен маж, беше уапсен кратко време подоцна и обвинет за убиство.

Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на Чарли Кирк/Фото: Handout / Getty images / Profimedia

Тој се соочува со смртна казна. Убиството имаше неочекувани и значајни политички последици во Соединетите Американски Држави и предизвика загриженост во врска со повиците на Трамп и Венс луѓето кои ја одобруваат или се радуваат на смртта на Кирк да бидат казнети. Критичарите тврдат дека таквиот говор е заштитен со Првиот амандман на Уставот на САД. Кирк беше многу близок до администрацијата на Трамп и неговото семејство.

Преку неговите платформи, вклучувајќи и успешен подкаст, Кирк допре до милиони слушатели, особено до млади луѓе. Критичарите го обвинија за ширење расистички, хомофобични и сексистички ставови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот