Иранскиот ајатолаџ, Али Хамнеи / Фото: EPA-EFE/SUPREME LEADER OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Трамп го спречил Израел да изврши атентат врз иранскиот лидер Хамнеи, тврдат американски претставници

Американскиот претседател Доналд Трамп го спречи израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, за време на викендот, објави „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори во претседателската администрација.

Израелската војска проценила дека има можност да нападне, но Трамп не дал зелено светло за планот, велат изворите на „Аксиос“.

Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на нуклеарните и ракетните програми на Иран, но се спротивставува на поширокиот план за соборување на Исламската Република со сила.

Еден од претставниците додаде дека Трамп сè уште може да се вклучи и да направи голем потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот