Доналд Трамп потпишува наредба/Фото: EPA-EFE/BONNIE CASH / POOL

Трамп прекласифицира некои федерални службеници, олеснувајќи го отпуштањето

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воспоставува нова класификација на федералните службеници – „Прилог Г“, што отвора можност за полесно отпуштање на вработените за одреден временски период доколку не ги исполнат очекуваните барања, објави Белата куќа.

Новата категорија вработени се однесува на оние кои работат на спроведување на политичките приоритети на администрацијата и подразбира дека овие вработени ја напуштаат функцијата кога ќе се смени претседателот.

Иако Белата куќа не прецизираше колку вработени ќе бидат прекласифицирани, аналитичарите проценуваат дека илјадници вработени би можеле да останат без стандардна заштита на работното место.

Наредбата потенцијално би можела да влијае на околу 2,3 милиони федерални вработени, што значи дека многумина ќе бидат „вработени по желба“, што значи дека немаат гаранција за трајно вработување.

Како што објави Ројтерс, одлуката потсетува на претходната мерка на Трамп од крајот на неговиот прв мандат – „Прилог Ф“, кој предвидуваше слична прекласификација на 50.000 вработени.

Потегот беше поништен од поранешниот претседател Џозеф Бајден веднаш по преземањето на функцијата во 2021 година.

Трамп најави реформи во федералната администрација претходно оваа година, велејќи дека „владата конечно ќе се води како бизнис“.

Критичарите предупредуваат дека таквата прекласификација би можела да ја ослаби независноста на државната служба и да ја направи ранлива на политички притисок, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот