Трамп ги прекинува контактите: Повеќе нема да разговара со Путин?

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не планираат нов телефонски разговор по посетата на преговарачот на Путин на Вашингтон, соопшти Кремљ.

Ен-Би-Си Њуз претходно објави дека најблиските соработници го советувале  Трамп да не разговара повторно со Путин се додека  рускиот лидер не прифати целосен прекин на огнот во Украина, за кој Путин рече дека во принцип е отворен доколку се исполни долгата листа на услови.

Спецјалниот пратеник на Путин за инвестиции Кирил Дмитријев, вчера изјави дека гледа „позитивна динамика“ во американско-руските односи по дводневните состаноци во Вашингтон, но рече дека се потребни повеќе состаноци за да се решат разликите.

„Без сомнение, гледаме позитивна динамика во нашите односи“, изјави Дмитриев за новинарите во Вашингтон по средбата со претставници од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

„Сè уште ќе бидат потребни низа состаноци за да се решат сите наши разлики. Но, клучно е да се види позитивен, креативен став“, рече Дмитриев.

„Гледаме апсолутно јасно дека администрацијата на претседателот е решена да ги решава проблемите, за разлика од претседателот Бајден. Тие пристапуваат со голема почит, поставуваат многу прашања, наоѓаат компромиси“, рече тој.

Дмитријев рече дека дел од темите на кои разговарале во Вашингтон биле соработката во вадењето на ретки минерали и Арктикот. Тој додаде дека продолжуваат преговорите за обновување на директните воздушни линии меѓу Русија и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот