Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/AL DRAGO

Трамп: Болниците повеќе не се обврзани да обезбедуваат итни услуги за абортус

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денес ги поништи упатствата издадени за време на мандатот на неговиот претходник, Џо Бајден, со кои се бараше од болниците да им обезбедуваат услуги за итен абортус на жените, без оглед на различните државни забрани за постапката.

Центрите за услуги на Медикер и Медикејд на САД соопштија дека упатствата од 2022 година, кои им обезбедуваа на пациентките да добијат итна „стабилизирачка нега“, не ја одразуваат политиката на администрацијата на Трамп.

Агенцијата, која е дел од Министерството за здравство и човечки услуги на САД, објави дека ќе „работи на корекција на секоја перцепирана правна конфузија и нестабилност предизвикана од постапките на претходната администрација“, објавува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот