Трамп бесен на Бил де Блазио: Идејата на градоначалникот на Њујорк го „извади од такт“ (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп се спротиставил на идејата на градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио да напише порака „црните животи се важни“ со огромни букви на улицата пред кулата во Менхетн наречена по Трамп.

Трамп на Твитер навел дека Де Блазио „сака да ја префарба познатата и преубава Пета авенија, баш пред Кулата Трамп, со голем жолт знак „црните животи се важни“.

– Викаат „прасиња во ќебе, испржете ги како сланина“ мислејќи на полицајците. Полицајците во Њујорк се бесни, напишал Трамп.

Меѓутоа, тоа не е вообичаен начин на протестирање во Њујорк, како ни во другите места од смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис пред еден месец. Градските функционери во Њујорк најавиле дека натписот ќе биде испишан на улицата пред седиштето на Трамп во срцето на Њујорк.

– Претседателот е срам за вредностите кои сакаме да ги негуваме во Њујорк, рекла Џулија Арендондо, портпаролот на градоначалникот Де Блазио.

Таа додала и дека Трамп на тој начин нема да може да побегне и да ја избегне реалноста, бидејќи секогаш кога ќе влезе во градот кој го нарекува дома ќе се присети дека животите на црнците се важни.

Трамп живееше во Кулата пред да стапи на должноста претседател, но минатата година својата резиденција ја премести на Флорида.

Кулата и понатаму е седиште на неговата деловна империја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!