
Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат намалени ако продолжи блокадата на владата, а исто така објави дека почнуваат да пристигнуваат приходи од царини, од кои Американците би можеле да добијат поврат на средства – објави Ен-би-си Њуз.
Препорачано
„Може да има отпуштања, а тоа е нивна вина“, рече Трамп, осврнувајќи се на демократите во Конгресот, коментирајќи го неодамнешниот допис од Уредот за управување и буџет, за телевизиската мрежа OAN, во кој се споменува можноста за отпуштања.
„Можеби ќе ги скратиме проектите што тие ги сакаа, нивните омилени проекти, кои би биле трајно намалени“, рече тој, додавајќи дека му е „дозволено да скрати работи што никогаш не требало да бидат одобрени, и веројатно ќе го направам тоа“.
Федералната влада делумно се затвори завчера откако Конгресот не успеа да постигне договор за финансирање, а само на основните услуги им беше дозволено да продолжат.
Трамп рече дека приходите од новите царини штотуку почнуваат да пристигнуваат, но на крајот би можеле да достигнат билион долари годишно.
Тој вели дека дел од средствата ќе помогнат во отплатата на националниот долг, за кој рече дека би можел да достигне 38 билиони долари.