Фото: EPA

ФОТО | Трамп „удри“ по Бијонсе: Пејачката нелегално земала 11 милиони долари од Камала Харис

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја обвини поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, дека ѝ платила на пејачката Бијонсе 11 милиони долари за „нелегална“ поддршка за време на изборите во 2024 година.

Тој повика на „голема истрага“ за луѓето што ја поддржуваа Харис, тврдејќи дека биле нелегално платени за јавно да ја поддржат нејзината претседателска кандидатура.

Трамп тврдеше дека на Бијонсе ѝ биле платени 11 милиони долари за да се појави на сцената со Харис на предизборен митинг во Хјустон, но дека била исвиркувана на сцената затоа што не отпеала ниту една песна.

– Ова е нелегална изборна измама на највисоко ниво! Тоа е нелегален придонес за кампањата! Брус Спрингстин, Опра, Боно и, можеби многу други, имаат обврска да дадат многу објаснувања !“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Тој ја обвини својата претседателска противничка, Камала Харис, дека плаќала за поддршка на познати личности со пари од кампањата.

– Колку Камала Харис му плати на Брус Спрингстин за лошиот настап за време на нејзината претседателска кампања? Зошто ги прифати тие пари ако беше нејзин голем обожавател? Не е ли тоа голем и нелегален придонес за кампањата? А што е со Бијонсе? А колку отидоа кај Опра и Боно?, напиша Трамп со големи букви.

Тој додаде дека ќе нареди „сеопфатна истрага“ за случајот, бидејќи, како што изјави, „на кандидатите не им е дозволено да плаќаат за препораки, како што Камала тоа го правеше“.

– Ова беше многу скап и очаен обид вештачки да се зголеми бројот на нејзините малку поддржувачи. Не е легално! За овие непатриотски „забавувачи“, ова беше само корумпиран и нелегален начин да се искористи расипаниот систем, заклучи Трамп.

Неколку недели пред ноемвриските избори, Харис доби поддршка од музичката легенда Стиви Вондер во Џонсборо, Џорџија, а неколку дена подоцна во Атланта, таа и поранешниот претседател Барак Обама одржаа митинг на кој настапи Брус Спрингстин, а зборуваа и познатиот режисер Спајк Ли и актерот Семјуел Л. Џексон, објави „Вашингтон тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот