илустрација / Фото: МИА

Тракторист од Ресава загина во обид да извлече возило заглавено на нива

На патниот правец од Кавадарци кон с.Ресава, во месноста викана “Црвена земја”, вчера Љ.К.(54) управувајќи трактор “фергусон”, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило “шкода фаворит” при што изгубил контрола над тракторот и се излизгал и превртел.

На местото на настанот починал Љ.К., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот