Фото: Screenshot

Трајковски, откако беше херој на Хајдук: Се надевам дека ќе добијам поголема минутажа!

Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски беше херој во вчерашното реми на Хајдук за кој донесе бод со голот во 98. минута против Локомотива.

Трајковски не добива премногу шанса сезонава од Џенаро Гатузо и се најавуваше дека може да замине, сепак со овој гол сега донесе радост помеѓу навивачите на сплитскиот тим.

„Кога доаѓаш во таква ситуација, мораш да ја читаш играта, барав простор на втората статива. Сега успеавме да освоивме бод, барем не загубивме. Се надевам и дека ќе добијам поголема минутажа и ќе продолжам да играм добро. Ние сме Хајдук и секогаш одиме на победа, така ќе биде во секој натпревар до крајот на сезоната“, изјави Трајковски.

Во битката за титулата Хајдук заостанува еден бод зад Ријека, но до крајот го очекуват тешки натпревари.

ВИДЕО | Трајковски со гол во 98 минута му донесе важен бод на Хајдук Сплит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот